Top Sport

Пјулис ќе го „спасува“ Мидлзборо

Поранешниот менаџер на Вест Бром и Стоук, Тони Пјулис е именуван за нов тренер на Мидлзборо, во обид второлигашкиот клуб итно да се врати во Премиер лигата.

Боро го отпуштија Гери Монк по саботната 2:1 победа над Шефилд Венсдеј, кои исто така го отпуштија тренерот Карлос Карваљал по поразот. Мидлзборо се на 9. место на табелата, три поени зад место кое носи во плеј-офот.

Пјулис беше отпуштен од ВБА минатиот месец, по што беше еден од главните кандидати за местото на велшки селектор, пред да се реши за клубот од Чемпионшипот.

„Сакав вистински предизвик, и тука го имаме тоа. Претседателот на Боро, Стив Гибсон е фудбалски човек кој го разбира спортот и имам огромна почит кон него. Првиот предизвик е да го научам тимот бргу и да освоиме што е можно повеќе поени“, вели Пјулис.

Scroll to Top