Челси стигна до рутинска 3:0 победа на гостувањето на Хадерсфилд за отварање на новата сезона во Премиер лигата и почетокот на „саризмо“, фудбалската филозофија на нивниот нов менаџер, Маурицио Сари.
Н’Голо Канте, новото засилување Жоржињо и Педро постигнаа по еден гол за рутинска победа на „сините“ на стартот на новата сезона, која исто така го одбележа и дебито на најскапиот голман на светот, Кепа Аризабалага на голот на Челси.
Campaign is underway for Chelsea & #Sarri! Here are a few combinations used to play out of pressure, which eventually leads to an advantageous area to seize. Note the importance of David Luiz action; don’t just clear it! Great to see this football in PL!pic.twitter.com/5qqjaDwCal
— coachdogge (@coachdogge) August 11, 2018
Фулам, пак, и покрај огромниот број на засилувања во преодниот рок, доби потсетување колку ќе биде тешко да се опстане во Премиер лигата во која се вратија оваа сезона, при домашниот 0:2 пораз од Кристал палас, клуб кој лани едвај се спаси од испаѓање. Џефри Шлуп и Вилфрид Заха беа стрелци за Палас.
Бурнемаут со 2:0 го совлада тимот на Кардиф, додека Ватфорд со 2:0 го победи Брајтон по двата гола на Роберто Переира.
ПРЕМИЕР ЛИГА, 1.КОЛО
Бурнемаут – Кардиф 2:0
Фулам – Кристал палас 0:2
Хадерсфилд – Челси 0:3
Ватфорд – Брајтон 2:0
ХАДЕРСФИЛД – ЧЕЛСИ