Top Sport

Планот Б на Нејмар е преселба Манчестер

Нејмар има „план Б“ за својата иднина, но најважно од сè е да си замине од Пари Сен-Жермен, тврди шпанскиот портал „Дон балон“, па дури иако тоа значи трансфер во Премиер лигата во тимот на Манчестер сити или Манчестер јунајтед.

Според порталот, одлуката да замине од Барселона во Франција била „голема грешка“ за Бразилецот, и иако сите чекаат на наводната понуда на Реал Мадрид, тоа не е единствената опција за фудбалерот вреден 222 милиони евра.

Сепак, јасно е и дека ПСЖ нема да дозволи тој да замине лесно, и шпекулациите во Франција велат дека е потребна понуда од 400 милиони евра за трансфер. Во светот на фудбалот има малку клубови кои се подготвени за трошење на таква сума, и тоа е главната пречка за трансферот во Реал Мадрид.

Од друга страна, богатите премиерлигаши Манчестер сити и Манчестер јунајтед се доволно „потковани“ да дадат толку пари. Сити би можел да го добие Нејмар за да го зголеми и така големото ривалство меѓу кралските семејства на Абу Даби (сопствениците на Сити) и на Катар (сопствениците на ПСЖ). Останува да се види дали има оган каде што има чад.

Scroll to Top