Top Sport

Планот на Емери за новиот елитен Арсенал

По 22 години, Арсенал има нов тренер, откако Унаи Емери беше избран за човекот кој ќе го води славниот лондонски клуб во подобра иднина по ерата на Арсен Венгер.

По сите дилеми и шпекулации, „топчиите“ се решија за поискусен тренер, кој доаѓа од „жешкото столче“ во Пари Сен-Жермен со нови методи на работа во англискиот тим. Најавата на Арсенал го посочи Шпанецот како „главен тренер“, наместо како традиционалното англиски менаџер, со што се потврди дека тимот започнува со нов северноамерикански модел на работа – со Раул Санлехи и Свен Мизлинтат како многу блиски соработници на тренерот.

46-годишниот Баскиец, кој е поранешен менаџер на Севилја, со која стигна до две титули од Лигата на Европа, пристигнува со репутација на човек кој бара многу од своите фудбалери и кој е опишуван како „опсесивен“.

„Емери ни даде толку видеа да гледаме што ми снемаа пуканки. Тој е опседнат со фудбалот. Тој е еден од најдобрите менаџери со кои работев, и не можев да издржам четврта сезона со него“, вели поранешниот фудбалер Жоакин, кој работеше со Емери во Валенсија.

Извршниот директор на Арсенал, Иван Газидис најави дека клубот ќе биде „храбар“, откако одлучија да не го ангажираат помошникот на Пеп Гвардиола, поранешниот фудбалер на „топчиите“, Микел Артета.

Со слаби настапи во Европа во последните сезони, Арсенал очекуваат подобрување на клубот, а Емери има добар скор со подобрувањето на формата на фудбалерите, посебно во ПСЖ со Кимпембе, Маркињос и Веа.

Омилената тактика на Емери е 4-2-3-1, и најверојатно со неа ќе продолжи во Арсенал. Месут Озил останува традицонална „десетка“, додека се верува дека Арон Ремзи ќе добие повеќе игра. Според британските медиуми, Емери претходно разговарал со Венгер и добил совети за кој дел од играта мора да се засили, со одбраната како прв фокус.

Емери ја направи кариерата во Севилја, каде што работеше со спортскиот директор Мончи (кој сега работи во преродената Рома), и сите ја ценеа неговата техничка поткованост. Во Арсенал главен соработник ќе му биде Свен Мизлинтат, кој минатата година замина од Борусија Дортмунд и веќе беше вклучен во трансферите на Пјер-Емерик Обамејанг, Хенрик Мхитарјан и Константинос Мавропанос.

Официјализиран трансферот на Унаи Емери во Арсенал

Scroll to Top