Top Sport

Планот на Ливерпул за титулата е едноставен: Одиме по неа!

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп признава дека „црвените“ имале мака во последните мечеви во Премиер лигата, но има едноставен план во ловот на првата национална титула од 1990 година.

Ливерпул во недела ги пречекуваат Тотенхем на второто место на табелата по победата на Манчестер сити над Фулам, но Германецот вели дека нема притисок и дека е нормално да се има променлива форма.

„Ќе имаме проблеми во фудбалската игра, и тоа мораме да го прифатиме. Имаме многу, и тоа помага да не чувствуваме притисок. Јас не сум под притисок. Титулата? Само одиме по неа. Да победиме, победиме, победиме. Без размислување. Тоа е планот“, вели Клоп.

Сити имаат еден поен предност на табелата и подобра гол-разлика (+60 во споредба со +52 на Ливерпул). Но, бидејќи има седум меча до крајот на сезоната, гол-разликата е најмал проблем за Клоп.

„Ќе дадеш гол, кога ќе дадеш гол. Не им велам на момците да одат да дадат шест гола бидејќи тоа покажува непочитување. Среќен сум да имаме прв и втор гол“, додава Клоп.

Scroll to Top