Играчот на Барселона, Џерард Пике, ќе се пензионира по завршувањето на сезоната 2019/2020, а планирал во 2021 година да се кандидира на изборите, на кои ќе се бира претседател на клубот, пишува „Мундо депоритво“.
Пике, во февруари, ќе наполни 32 години, а поради неговите амбициа години наназад соиграчите му се обраќаат со „претседателе“.
„Мундо депортиво“, тврди дека Пике веќе го имал нацрт-планот за претседателската кампања, односно го имал планот во која насока требало да се движи Брселона во наредните години.
Планот на Пике вклучува и враќање на неколку легендарни фудбалери, негови поранешни соиграчи, во Барселона.
Карлес Пујол би бил технички директор, а тренерски функции Пике им наменил на Чави и Андрес Иниеста.
Еден од најважните проекти на потенцијалниот наследник, на актуелниот претседател Жозеп Марија Бартомеу, би бил комерцијализација на „Ноу Камп“, како и изградба на нова кошаркарска арена и основање на тениска секција.