Top Sport

Платини го тужи поранешниот соработник, а сега претседател на ФИФА, Инфантино

Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини поднесе кривична тужба против претседателот Џани Инфантино, потврдија неговите адвокати.

Во нивнат објава се потврдува дека е поднесена тужба во Франција со обвинување дека купувал влијание во ФИФА, а обвинет е и Марко Вилигер, поранешниот директор за легални работи во ФИФА. Платини од француските обвинители бара испитување на Инфантино, Вилигер и уште четири други претставници на ФИФА.

Тужбата е поднесена на 17 ноември, две недели откако Платини беше обвинет за измама во Швајцарија заедно со поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер. Тој случај е за исплатата на 2 милини швајцарски франци од ФИФА кон Платини во 2011, по што двајцата во 2015 година добија суспензија. Инфантино беше избран за претседател на ФИФА неколку недели подоцна.

Инфантино беше генерален секретар на УЕФА за време на владеењето на Платини.

Scroll to Top