Top Sport

Платини: Клубовите имаат право на Суперлига, Чеферин ќе го „снема“

Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини вели дека 12-те клубови кои ја формираа, па ја расформираа Суперлигата имаат право на тоа, и додаде дека „Јувентус и семејството Ањели ќе продолжат, додека Александер Чеферин ќе го снема“.

По одлуката на УЕФА да ја стопира дисциплинската постапка против Јувентус, Барселона и Реал Мадрид, трите клуба кои остаснуваат во проектот, поранешниот претседател на УЕФА (но и фудбалер на Јуве), вели дека организацијата нема право.

„Борбата помеѓу УЕФА и Суперлигата е смешна, бидејќи клубовите се обидуваат да го сменат форматот на европските натпреварувања веќе 50 години. Директорите за малку успеаја, но имаше силна реакција на фановите и на медиумите и затоа дојде до блокадата. Луѓето и медиумите го направија тоа што УЕФА не беше способна: ги обеини клубовите. И тие имаат право да организираат Суперлига и да учествуваат во натпреварувања на УЕФА и ФИФА. И првата идеја за Европскиот куп не е од УЕФА, туку од весникот ‘Л’Екип’, за потоа УЕФА да го преземе проектот“, вели Платини во интервју за италијанскиот весник „Ил џорнале“.

Тој исто така имаше порака за претседателот на УЕФА, Александер Чеферин.

„Јувентус и семејството Ањели ќе продолжат да постојат, додека Чеферин ќе го снема еден ден“, заклучува Французинот.

Scroll to Top