Top Sport

Погба „избега“ од прес по прашањата за трансфер во ПСЖ

Пол Погба „избега“ од прес-конференцијата откако неговите соиграчи од француската репрезентација, Преснел Кимпембе и Кингсли Коман го прашаа за потенцијален трансфер во Пари Сен-Жермен.

Договорот на фудбалерот од среден ред на Јунајтед завршува во 2022 година, и иако на „Олд Трафорд“ веруваат дека ќе го убедат да остане со обновен договор, околу него секогаш има шпекулации за заминување.

Погба улета на прес-конференцијата на Кимпембе и Коман, кои решија да се ослободат од него со прашања за трансфер.

Кимпембе: Зборуваме за Париз.

Коман: Да, ти си од Париз, нели?

Погба: Да, па?

Коман: Насер, договор?

Кимпембе: Преодниот рок започнува бргу.

Коман: Контакти?

Погба: Ах, не.

Scroll to Top