Поранешниот претседател на УЕФА Мишел Платини гостувајќи на италијанската телевизија РАИ, видео-асистентот (ВАР) го нарекол „прекрасно с…е“.
„Би ми биле потребно 30 минути за да објаснам зошто ВАР не е решение за проблемите. Само ги продлабочува. Јас сум притив ВАР. Мислам дека тоа е ‘прекрасно с…е’. За жал враќање нема“, рекол Платини кој во својот мандат во УЕФА бил противник на воведувањето на технологијата во фудбалот.
На Платини минатиот месец му истече казната поради аферата за примање поткуп, односно поради исплатата од два милиони швајцарски франци што ја добил од тогашниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер.