Top Sport

Плетикоса: Нема веќе „десетки“ како Тоти, Дел Пиеро и Рикелме!

Во интернет интервју за италијански „CORRIERE DELLO SPORT“, поранешниот прв голман на хрватската фудбалска репрезентација, Стипе Плетикоса изјави дека многу е тешко да се заврши започнатата сезона.

„Имам голем сомнеж за Лигата на шампионите. Посебно што вчера беше откажана Лига 1, не знам како сето тоа ќе се организира. Земете го Лион за пример. Имаат 1-0 од првиот натпревар во осминафиналето во ЛШ. Како тие во оптимална форма би можеле да го дочекаат реванш мечот со сите тие забрани и мерки? Никоја не сака да носи заклучоци предвреме затоа што големи пари се вртат од тв правата, но искрено се сомневам дека сето тоа ќе продолжи“ – рече Плетикоса.

Во разговор со новинарите Плетикоса изјави што најмногу му недостасува во модерниот фудбал.

„Не постојат во модерниот фудбал `десетки` како Рикелме, Тоти, Беркамп, Дел Пиеро. Во деведесетите секоја екипа имаше тако играч, но промената на стилот на игра доведе до тоа младинските екипи да не произведуваат такви играчи. Јас отсекогаш им се воодушевував на големите техничари кои знаеа да поминат `еден на еден`“ рече хрватскиот голман.

Scroll to Top