Top Sport

Вавринка размислува за „пензија“ поради коронавирусот

Швајцарскиот тенисер, Станислас Вавринка се посериозно размислува за да ја заврши професионалната кариера поради пандемијата на коронавирусот.

„Се е можно, како и тоа дека до крајот на годината нема да се игра тенис“ вели Вавринка за француски „Л`кип“.
Ризикот ќе постои дури и доколку мечевите се играат без публика.

„За да организирате турнир, потребни ви се најмалку 50 луѓе, дури и да играме без навивачи, пак се премногу луѓе“ – смета Швајцарецот.

Запрашан дали размислува за крај на кариерата поради новонастанатата ситуација, Вавринка без вистински одговор.

„Сите, не само јас треба да седнеме и добро да размислиме. Мораме да ја преиспитаме ситуацијата. Дали ќе ја завршам кариерата? Знам само дека сум опуштен поради тоа, не се заморувам. Уживам во играта со ќерката и тоа ме исполнува.

Откако почнав да играм тенис, целта ми беше за ништо да не зажалам кога ќе завршам“ – рече Вавринка.

Scroll to Top