Top Sport

Плодна година за фудбалските менаџери, инкасирале 444 милиони евра

Во годинава што веќе изминува фудбалските менаџери инкасирале 444.6 милиони евра на име на трансфери на фудбалери. Тоа претставува зголемување во споредба со минатата 2020 година и покрај падот на потрошувачката на трансфери – објави ФИФА во својот најнов извештај.

Заработката на фудбалските агенти и советници годинава е зголемена за 0.7 отсто.

Најголем приход на сметка на своите клиенти оствариле фудбалските менаџери во Англија (118.3 милиони евра), потоа следуваат оние од Германија (74.5 милиони евра), па Италија (65.7), следува Шпанија (31) и Франција (26.6).

ФИФА најави дека во првата половина на идната година ќе донесат нови правила за фудбалските менаџери со што нивниот процент би се ограничил на максимум 10 % од сите плаќања поврзани со трансферот на играчот.

Scroll to Top