Top Sport

Димитров за споредбите со Федерер: Им се лутев на луѓето за тоа!

Бугарскиот тенисер Григор Димитров зборува за паралелите што луѓето ги правеа меѓу него и швајцарскиот ас – Роџер Федерер. Тој како млад, поради сличностите со Швајцарецот, доби прекар „Бејби Федерер“.

„Го почитував тој прекар во почетокот. Но имаше моменти кога почнав да им се лутам на луѓето кои така ме нарекуваа“ вели Димитров.

Тој посочува дека имало сличности, но и разлики, многу повеќе.

„Нашата игра, донесувањето одлука, поинакви се. Тој е многу поагресивен. Нашите карактери се исто така доста различни“ вели бугарскиот тенисер.

Во текот на кариерата многупати разговарал со Федерер, кој најдобриот совет му го дал во Мелбурн пред неколку години, иако тој дуел го загубил.

„Добив доста совети, но еден од најдобрите е од Австралија 2017, кога играв против Надал“ истакна Димиттров несакајќи да влегува во детали.

Димитров во моментов е 28. светски тенисер.

Scroll to Top