Денеска се комплетираше првото коло од новата сезона во македонската Прва лига, во која Академија Пандев стигна до драматична победа, Силекс и Шкупи си ги поделија поените, а еден гол беше доволен Победа да го совлада повратникот во елитата, Беласица.
Против новиот член на Првата лига, Македонија ЃП, Академија Пандев стигна до водство во 42. минута, преку Ѓорѓи Стоилов, пред на стартот на второто полувреме Тантуровски да ги изненади домаќините. Кога се мислеше дека мечот ќе заврши без победник, Дориев со гол од пенал во 93. минута донесе три поени за фаворитите.
Во Битола пак, еден гол го реши победникот – тој на Американецот Киријан Чајназарм со кој Победа го „нагости“ повратникот во елитата.
Силекс и Шкупи во Кратово одиграа 1:1, во меч во кој двата гола беа постигнати од пенал. Камерунецот Есенге Парфаит во 34. минута донесе водство за кратовци, додека гостите во 59. минута останаа со играч помалку по црвениот картон на Адем. Сепак, Баже Илијоски во 80. минута, исто така од белата точка донесе поен за Шкупи.
ПРВА ЛИГА, 1.КОЛО
Академија Пандев – Македонија ЃП 2:1
Победа – Беласица 1:0
Силекс – Шкупи 1:1
ВЧЕРА
Шкендија – Вардар 2:2
Работнички – Ренова 3:4
Фото: ФК Беласица
ПМФЛ: Трилер меѓу Шкендија и Вардар, „голеада“ на Работнички-Ренова