Top Sport

ПМФЛ: Академија Пандев преку Македонија ЃП до врвот на табелата

Во шестото коло во Првата македонска фудбалска лига на распоредот беа пет средби.

Во Струмица, екипата на Академија Пандев со пресврт славеше победа против тимот на Македонија ЃП.

Гостите од Скопје уште во првата минута со голот на Воша поведоа, но струмичани со головите на Бихорац, Мирчевски (на двапати) и Силва Сена дос Сантос стигнаа до триумф кој им носи лидерска позиција на табелата.

Прогрес на прволигашката табела забележа и тимот на Работнички. „Дебармаалци“ славеа со 2-0 на мечот против штипска Брегалница.

Стрелци на головите Станковски во 28. и Ристевски во 83. од пенал.

На стадионот во Велес Борец триумфираше со 2-1 на мечот против Пелистер, а во Кавадарци екипата на Ренова како гостин славеше победа против тимот на Тиквеш со 2-0.

Струга Трим Лум на свој терен минимално со 1-0, со гол во 96 минута го освои целиот плен против тимот на ФК Скопје.
Дуелот меѓу Шкендија и Шкупи ќе се игра во вторник.

По некомплетното 6-то коло „Пандевци“ се на врвот со 13 бода. Втор е тимот на Струга со 12, па следуваат Ренова и Работнички со по 11 поени.

Тиквеш со 2 и Пелистер со 1 бод се на дното на табелата.
Фото: ФК Работнички

Scroll to Top