Top Sport

ПМФЛ – дури четири екипи по 7. коло имаат по 14 бода на врвот на табелата

Интересно првенство во ПМФЛ е пред нас, ако се земе во предвид фактот што по 7 одиграни кола дури четири екипи се на самиот врв со ист број на бодови – по 14.

Од денешното коло најмногу профитираа Ренова, Работнички и Шкупи кои забележаа победи, додека пак Академија Пандев не успеа да го скрши бедемот на битолски Пелистер. Струмичани одиграа само 0-0 и испуштија можност да се лидери на табелата.

Работнички со 2-0 славеше во градскиот дуел во Ѓорче Петров против тимот на Македонија и со само 8 постигнати гола „дебармаалци“ собраа 14 поени.

Во Чаир тимот на Шкупи кој е лидер на табелата поради најдобрата гол разлика (13-5) немаше никакви проблеми со Борец од Велес, триумф од 3-0.

Со гол од пенал во 92 минута и Ренова успеа да дојде до трите бода денеска против тимот на Струга.

ПМФЛ, 7. коло, ова се денешните резултати:

Брегалница – Тиквеш 2-0
Скопје – Шкендија 0-2
Македонија ЃП – Работнички 0-2
Пелистер – Академија Пандев 0-0
Ренова – Струга 1-0
Шкупи – Борец 3-0

Шкупи, Академија Пандев, Работнички и Ренова имаат по 14 поени на врвот, петти е тимот на Струга со 12 бода, додека на наредните две позиции се Шкендија и Брегалница од Штип со по 10 бода.

Пелистер и Тиквеш се на две последни позиции се уште без победа во шампионатот.
Фото: ФК Работнички

Scroll to Top