Top Sport

ПМФЛ: Коло на реми дуели, нема промени на врвот

Нема промени на врвот на табелата во ПМФЛ и по ова 13-то коло.

Тетовска Шкендија и натаму е лидер на табелата со 27 бода иако одигра само 1-1 нагости кај Струга Трим Лум.
На тетовчани во прилог им оди ремито без голови во во Скопје го одиграа Македонија ЃП и Шкупи, па двете екипи останаа на втората, односно третата позиција.

Работнички и Беласица исто така одиграа реми, 2-2 во Струмица.

Пелистер во Битола денеска беше поразен со 2-1 од Силекс, додека единствена екипа со домашен триумф е Ренова, која со новиот тренер успеа да слави против Борец, минимално со 1-0.

Ова се сите резултати од 13. коло – ПМФЛ:

Недела:
Беласица – Работнички 2:2
Македонија ЃП – Шкупи 0:0
Пелистер – Силекс 1:2
Ренова – Борец 1:0
Струга Трим Љум – Шкендија 1:1

Сабота:
Вардар – Академија Пандев 2:0

Табела: Шкендија 27, Македонија ЃП 26, Шкупи 25, Струга Трим Љум 20, Борец 19, Вардар 19, Силекс 17, Работнички 14, Пелистер 12, Ренова 11, Академија Пандев 10, Беласица 9.
Фото: ФК Работнички

Scroll to Top