Top Sport

ПМФЛ: Не оди ниту со Акраповиќ – Шкендија го загуби тетовското дерби со Ренова

Македонскиот шампион Шкендија ниту во второто коло од новата сезона во Првата лига не успеа да стигне до победа, откако во градското дерби загуби со 1:2 од Ренова под водство на старо-новиот тренер Бруно Акраповиќ.

Фајтон Јусуфи ги донесе Ренова во водство во 20. минута, пред Ремзи Селмани само што почна второто полувреме да го удвои водството. Љупче Дориев во 67. минута ги врати надежите на Шкендија за камбек, но на крајот Ренова си замина со трите поени.

Шкупи, пак, успеа со голот на Камерунецот Фаустин Сенгор да стигне до 1:0 победа над Македонија Ѓорче Петров во скопското дерби, за заедно со Ренова и со Струга, која со 1:0 го совлада Пелистер да се искачат на првото место на табелата со 4 поени. Вечерва, Работнички со победа кај Академија Пандев би станал единствениот тим со максимални шест поени по две кола.

ПРВА ЛИГА, 2.КОЛО

Борец – Тиквеш 2:1

Скопје – Брегалница 0:0

Шкендија – Ренова 1:2

Шкупи – Македонија ЃП 2:0

Струга – Пелистер 1:0

Академија Пандев – Работнички 20.00 ч.

Фото: ФК Шкендија

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top