По 11 кола во Македонската Прва лига, Вардар останува да биде лидер со 24 поени, два повеќе од Шкендија, но повторно загуби драгоцени бодови, откако одигра реми без голови против Ренова, додека Шкендија ја „торпедираше“ Македонија Ѓорче Петров со 5:1.
Ова е втор меч во низа без победа за Вардар, по поразот во дербито од Шкендија со контроверзниот гол, со што се „стопи“ големата предност која ја имаа на врвот на табелата. Во Тетово, пак, Шкендија со двата гола на Бесарт Ибраими стигна до убедлив триумф над Македонија за втора победа во низа, по трите меча без победа.
Во струмичкото дерби, Академија Пандев со 3:0 беше доминантен против Беласица, додека Силекс стави крај на добрата низа на Работнички со 2:0 победа.
ПРВА ЛИГА, 11.КОЛО
Академија Пандев – Беласица 3:0
Победа – Шкупи 2:0
Шкендија – Македонија Ѓорче Петров 5:1
Силекс – Работнички 2:0
Вардар – Ренова 0:0
Табела: 1.Вардар 24, 2.Шкендија 22, 3.Академија Пандев 19, 4.Победа 14, 5.Работнички 14, 6.Македонија ЃП 13, 7.Беласица 13, 8.Ренова 12, 9.Силекс 10, 10.Шкупи 9
Фото: ФК Шкендија