Тигран Барсегјан беше најзаслужниот што Вардар стигна до гостинска победа од 0:1 кај Ренова за прва победа во шампионатот во второто коло во Првата лига, по кое само Академија Пандев има максимални 6 поени по триумфот во градското дерби против Беласица.
Барсегјан стрелаше во 75. минута за да ја донесе првата победа за „црвено-црните“ во новата сезона за да даде надеж на клубот по неславната елиминација во квалификациите за Лига Европа.
Актуелниот шампион, Шкендија пак, и во вториот натпревар од сезоната одигрува нерешено, откако не успеа да го „реши“ новакот Македонија Ѓорче Петров на гости, за 0:0. Очигледно фокусот на тетовци е кон клучниот двобој со Розенборг за пласман во Лига Европа.
Првото место по комплетното второ коло е кај Академија Пандев, откако Марио Крстовски влезе како замена и постигна два гола во финишпт на мечот за 2:0 победа против Беласица. Стрелците не беа многу расположени оваа недела, откако и Шкупи и Победа одиграа без голови на „Чаир“.
ПРВА ЛИГА, 2.КОЛО
Беласица – Академија Пандев 0:2
Македонија Ѓорче Петров – Шкендија 0:0
Ренова – Вардар 0:1
Шкупи – Победа 0:0
ВЧЕРА
Работнички – Силекс 2:1
ТАБЕЛА: 1.Академија Пандев 6, 2.Вардар 4, 3.Победа 4, 4.Работнички 3, 5.Ренова 3, 6.Шкендија 2, 7.Шкупи 2, 8.Силекс 1, 9.Македонија ЃП 1, 10.Беласица 0
Фото: ФК Вардар