Top Sport

По 13 години Златната копачка се враќа во Серија А

Чиро Имобиле, напаѓачот на Лацио е најблиску до освојувањето на Златната копачка, која му се доделува на најдобриот стрелец во националните првенства. Имобиле синоќа постигна гол против Бреша и го мина на првото место Роберт Левандовски.

Италијанскиот репрезентативец досега постигнал 35 гола во Серија А, Левандовски сезоната ја заврши со 34 гола. Единствен конкурент на Имобиле му е Кристијано Роналдо кој има постигнато четири гола помалку од Имобиле.

Овие бројки покажуваат дека Златната копачка по 13 години ќе се врати во Серија А. Последен пат најдобар европски стрелец бол Франческо Тоти во сезоната 2006/2007. Сезона претходно најдобра стрелец бил Лука Тони со 31 гол.

Од сезоната во која Тоти ја освои Златната копачка наградата ја добивале Кристијано Роналдо (четири пати во Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид), Лионел Меси (шест пати), Диего Форлан и Луис Суарез како играч на Ливерпул.

Scroll to Top