Милан ќе му се спротистави на стариот познаник Јувентус во финалето на Купот на Италија, откако на гостувањето на „Олимпико“ во Рим, по изведувањето на пеналите го совлада Лацио.
Двата тима не успеаја да дадат гола во двата меѓусебни натпревари (90 минути во Милано и 120 минути во Рим), по што беа исто толку неефикасни и во изведувањето на пеналите – од првите пет пенали имаше четири утки (две на Лацио и две на Милан).
Конечно, во седмата серија за Лацио, Луис Фелипе промаши пенал, а Алесио Ромањоли беше прецизен за по „мачењето“, тимот на Џенаро Гатузо да се бори за титула оваа сезона против Јувентус, кој претходно ја елиминираше Аталанта.