Top Sport

По 4 порази, прв бод и за Шефилд и за Фулам, 1-1

Само по 1 бод освоија Шефилд Јунајтед и Фулам во денешниот меѓусебен дуел, прв и за двата тима од почетокот на сезоната во англиската Премиерлига.

Српскиот интернационалец во редовите на лондонскиот тим се избламира откако од пенал во 57 минута, го промаши целиот гол.

Лукман ја поправи неговата грешка и во 77. минута донесе водство за Фулам од 0-1.

Сепак, бод за домашните спаси Шарп, баш од пенал, а прекршокот за најстрога казна го направи токму Митровиќ, во 85 минута.

Фулам следното коло го пречекува Кристал Палас, а Шефилд оди нагости кај Ливерпул.

Scroll to Top