Top Sport

Лоши денови за Јуве, Дибала се степал со директорот на клубот

Голем скандал го тресе актуелниот италијански шампион – Јувентус.

Откако „Старата дама“ зема само бод кај новајлијата Кротоне (1-1), а во составот го немаше Кристијано Роналдо поради позитивен тест на Ковид 19, по мечот избил инцидент во соблекувалната, јавуваат италијанските медиуми.

Порталот „Tutosport” открива дека играчот на Јуве, Аргентинецот Пауло Дибала се степал со спортскиот директор на клубот, Фабио Паратичи.

Незадоволен од својата минутажа во тековнава сезона, Дибала најпрво вербално го нападнал директорот, па потоа дошло и до физичка пресметка.

На изненадување на многумина, аргентинскиот ас не доби прилика за настап и на овој меч. Тој имал мали здравствени проблеми, но смета дека имал сила да помогне да се освојат преостанатите 2 бода. Одлуката на Пирло била последна.

Дибала и минатата сезона беше незадоволен од статусот во клубот, но сметаше дека работите ќе се променат со замиувањето на Сари. Сезонава на 3 меча на Јуве нема настапено ниту минута.

Scroll to Top