Top Sport

По 746 дена досуден пенал против Барселона

„Што виде судијата Лахос кога досуди пенал за Лас Палмас против Барселона/“, ова е правашењето што во петокот ја преокупира фудбалската јавност во Шпанија.

Барселона синоќа гостуваше на Канарските острови, одигра исклучително лош натпревар и не успеа да го победи тимот кој грчевиот се бори за опстанок во лигата. Меси постигна гол од слободен удар во 21.минута, а во 48.минута израмни од пенал Калери.

Со досудениот пенал Лахос го навлече гневот на тренерот, играчите и раководството на Барселона, но и на сите навивачи и приврзаници на клубот.

Со контроверзниот пенал е поврзан и еден интересен податок. Имено, ова е прв пенал досуден против Барселона по пауза од 746 дена!

На 14.февруари 2016 година Хернандез Хернадез досудил пенал за Селта против Барселона на „Ноу Камп“. Пеналот го реализирал Џон Гвидети, а Барселона убедливо славела над Селта 6:1.

746 дена подоцна Лахос „свирна“ пенал за Лас Палмас. Џонатан Калери го совлада Тер Штеген и го постави конечниот резултат 1:1. Барселона загуби два бода и во пресрет на неделното дерби со Атлетико од овој противник има само пет бода повеќе.

Интересно, во тие 746 дена Барселона добила 21 пенал.

Scroll to Top