Top Sport

Кривична за Модриќ, лажно сведочел во процесот против Мамиќ

Жупаниското државно обвинителство во Осиек по спорведената истрага, во петокот, покрена обвинение пред Општинскиот суд во Осиек против Лука Модриќ, поради сторено кривично дело „лажно сведочење“, во процесот што се води против Здравко Мамиќ.

Модриќ е обвинет дека на 13.јуни 2017 година додека давал исказ, во случајот што се води против четворица хрватски државјани поради злоупотреба на службената положба и овластувања, иако бил преупреден лажно сведочел.

Фудбалерот на Реал Мадрид, според соопштението, свесно не ја зборувал вистината, во врска со потпишаните анекси на договорите со кои се регулира поделбата на трансфер обесшетувањето, помеѓу него и клубот во кој играл.

Scroll to Top