Top Sport

По 9 месеци – отказ за Креспо во Банфилд, поразите му пресудија

Аргентинецот Хернан Креспо доби отказ од тренерското место во тимот на Банфилд, потврди управата на клубот. Екс-голгетерот на Ривер Плата, Парма, Лацио, Интер, Милан и Челси е заменет по само 9 месеци на клупата, односно по само 5 меча во новата сезона, откако Бандилд претрпе 3 порази, со една победа и еден нерешен дуел.

Креспо пред да застане на чело на клубот, краток период беше тренер во италијаскиот второлигаш Модена, а беше и директор во Парма.

Креспо во кариерата има освоено три титули во Серија А, еден трофеј во Премиерлигата.

Беше учесник во финале на тогашниот Куп на УЕФА со Парма во финале против Марсеј („Млекарите“ победија со 3-0, Креспо беше стрелец).

Scroll to Top