Top Sport

Франција го „здроби“ Јордан со 103-64 за влез во втор круг

Кошаркарите на Франција попладнево со фуриозна игра славеа убедлива победа против селекцијата на Јордан со 103-64 (по четвртини 18:25, 15:25,17:28, 14:25). Ова е втора победа за „галските петли“ откако во првото коло од групата Г на Светското првенство во Кина славеа против Германија со 78-74. По денешната изненадувачка победа на Доминикана над Германија, познати се двата патника во следната фаза пред одигрувањето на третото, последно коло.

Без услугите на Николас Батум (беше поштеден од тренерот Венсан Кол) „триколорите“ доминираа во сите четири периоди од натпреварот. Французите имаа добар шутерски ден, за 2 поени шутираа со 57 отсто, додека во ударите за 3 поени, процентот на реализација им беше дури 63, погодија 12 тројки од 19 обиди.

Најефикасен во победничката екипа беше Нандо де Коло со 19 поени и 8 асистенции, а Руди Гобер беше стрелец на 16 поени надополнети со 13 скока.

Scroll to Top