Поранешниот српски репрезентативец Александар Пријовиќ, кој минатата недела беше уапсен и доби казна од три месеци домашен притвор за прекршување на правилата за карантин во Белград, не го заборави крајот од каде што потекнува и донираше 10.000 евра на општината Прибој.
„Тој контактираше со нас уште на 20 март и изрази желба да помогне финансиски. Со неговите средства купивме нови машини за алишта, кои сега ни се неопходни поради зголемените мерки на претпазливост“, изјави директорот на Домот на здравје во Прибој, Владимир Милинковиќ.
29-годишниот Пријовиќ, кој е роден во Швајцарија и играше за младинските репрезентации на оваа земја, во моментов е фудбале на саудискиот клуб Ал-Итихад.