Top Sport

Рангник: Ништо од трансферот во Милан

Првиот човек на РБ Лајпциг, Ралф Рангник уште еднаш ги демантираше постојаните шпекулации дека е пред трансфер во Милан, велејќи дека „нема ништо од тоа“, иако признава дека постоел интерес на италијанскиот клуб.

Италијанските медиуми тврдеа дека Рангник, кој сега работи како шеф на развојот на клубот на Ред бул, а претходно беше прв човек на Шалке и Хофенхајм, веќе има договорено трансфер во Милан, каде што би добил улога на традиционален англиски менаџер, со што би бил тренер на тимот и би одлучувал за трансферите.

„Нема ништо од тоа. Имаше некои распрашувања за мене, но работите кои ги слушаме во медиумите немаат врска со реалноста“, изјави Рангник за германската ТВ мрежа „МДР“.

Ова го демантира поранешниот директор на Милан, Звонимир Бобан, кој по заминувањето од клубот во март изјави дека Милан зад грб уште во декември го договориле пристигнувањето на Рангник. Моментално тренер на Милан е Стефано Пиоли, кој го замени Марко Џампаоло, кој беше отпуштен во октомври.

Scroll to Top