Top Sport

По Болоња и Џенова покажа интерес за Миовски

Уште еден клуб од Серија А има желба да го ангажира македонскиот репрезентативец Бојан Миовски. Италијанските медиуми тврдат дека покрај Болоња интерес за Миовски покажува и Џенова.

Болоња би била поголем предизвик за Миовски, бидејќи клубот ќе игра во Лигата на шампионите. Џенова, минатата сезона, ја заврши на 11.место, што значи дека во новата сезона ќе игра само во првенството и Купот на Италија. Но на Џенова и потребен напаѓач, бидејќи се очекува двајцата најдобри од минатата сезона Матео Ретеги и Алберт Гудмунсон да го напуштат клубот.

Абердин за својот најдобар играч бара 8.000.000 милиони евра.

Scroll to Top