Top Sport

По Бонучи и Квадрадо се обврза на верност на Јувентус

Хуан Квадрадо потпиша нов договор на две и пол години со Јувентус, потврди италијанскиот шампион, со што тој ќе остане во клубот до 2022 година.

31-годишниот Колумбиец пристигна во Јувентус во август 2015 година во првото од двете позајмувања од Челси, пред во 2017 да се обезбеди постојан договор за 20 милиони евра. Квадрадо има освоено четири титули од Серија А и три од Копа Италија со Јуве, постигнувајќи 15 голови и 28 асистенции.

Поради повредите, Маурицио Сари оваа сезона го постави Квадрадо како бек и тој сите 14 настапи за Јувентус ги има на левата страна на теренот.

„Пресреќен сум од оствареното и научив навистина многу. Ќе продолжам да се подобрувам на тактички план, имам уште многу работа и се надевам дека ќе станам подобар дефанзивен фудбалер“, вели Квадрадо.

Неговиот потпис доаѓа откако Јувентус оваа недела потврдија дека Леонардо Бонучи ќе остане во клубот до јуни 2024 година.

Scroll to Top