Top Sport

Звезда со драматична победа на гости кај Жалгирис (видео)

Црвена звезда ја прекина низата порази во Евролигата, триумфирајќи во драматичен меч на гости кај Жалгирис во Каунас со 61:59.

Во цврст меч, во кој одбраната го имаше главниот збор, Звезда се снајде подобро посебно во второто полувреме. Жалгирис тргна убаво со 21:16 водство по првата четвртина, но потоа Звезда им дозволи само 10 поени до полувремето, на кое имаа предност од два поени.

Во последните 10 минути имаше силна борба меѓу двата тима откако не успеаја да направат предност. Браун на две минути пред крајот израмни, пред истиот кошаркар на 15 секунди пред крајот да ги постигне клучните поени за 60:58 водство.

Ова е трета победа во 10 меча за Звезда во Евролигата.

Били Берон со 14 и Лоренцо Браун со 12 поени беа најефикасни кај српскиот шампион, додека Улановас и Григонис имаа по 11 за Жалгирис.

Scroll to Top