Top Sport

По Челси, и на Манчестер Сити му се заканува казна од ФИФА

Светската фудбалска федерација ФИФА вчера го казни Челси со 600.000 франци и забрана два преодни рока да купува фудбалери, а сега на „тапет“ на Федерација е и Манчестер Сити.

Според информациите од Англија, ФИФА најверојатно ќе поводи истрага против Сити заради Американците, Џорџ Дејвис и Доминик Одуро. Тие во клубот се од 2018 година, а проблемот е што тренирале и играле натпревари за младинците на „Граѓаните“ уште пред да наполнат 18 години.

Дејвис во Манчестер пристигна на само 16 години, а на иста возраст и Доминик бил доведен од Гана.
Сити ги прекршил правилата за ангажирање на фудбалери од нивните земји и може да заработи соодветна казна.

Scroll to Top