Top Sport

Денис Смит со монструозно забивање против Минесота (видео)

Младиот НБА играч на Њујорк Никс, Денис Смит ноќеска на натпреварот против „волците“ од Минесота изведе страшно атрактивно забивање.

Плејмејкерот кој е познат по одличниот одраз, во првата четвртина „летна“ и силно ја заби топката во обрачот.
Смит две години во низа се натпреварува во забивањата на Ол-Стар викендот, но не успева да слави.

Погледнете го потегот на Смит:

Scroll to Top