Top Sport

По дебаклот во Конференциската лига Олимпијакос му го продолжи договорот на Мендилибар

Фудбалскиот клуб Олимпијакос ја продолжи соработката со тренерот Хозе Луис Мендилибар ден по тешкиот пораз од Макаби (1:4), во осминафиналето на Конференциската лига.

Шпанскиот стручњак го презеде тимот пред само еден месец, договори соработка до крајот на сезоната, но во петокот ја продолжи верноста до уни 2025 година.

На 10 февруари Мендилибар го наследи Португалецот Карлос Карвахал на клупата на Олимпијакос.

Со Мендилибар, Олимпијакос се врати во шампионската трка во домашното првенство, но како што сега стојат работите нема да ја продолжи сезоната во Конференциската луга.

Израелците доминираа на „Караискакис“, во четвртокот вечерта и практично обезбедија место меѓу осумте најдобри во Конференциската лига.

Мендилибар минатат сезона со Севилја ја освои Лига Европа, но во новата сезона поради лошите резултати по нецели три месеци доби отказ.

Scroll to Top