Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике сериозно размислува да го пресели Џанлуиџи Донарума на клупата за резерви.
Весникот „Лекип“ пишува дека Шпанецот бил бесен на Италијанецот по неговото слабо издаие во поразот од Арсенал и дека сака промена на голот.
Луис Енрике летово инсистираше да добие уште еден голман, па Русинот Матвеј Сафонов пристигна за 20 милиони евра од Краснодар.
Тој дури доби шанса на три натпревари оваа сезона, а сега повторно би можел да го замени Донарума.
Не треба да заборавиме дека во ПСЖ настапува и младиот Арнау Тенас, голман кој потекнува од академијата на Барселона, кој минатото лето дојде како слободен играч кога не доби нов договор. Тој подоцна беше херој во походот на злато на Олимписките игри во Париз.
Да потсетиме, Луис Енрике поради недисциплина и непочитување на тимот, на гостувањето кај Арсенал беше без Усман Дембеле кој остана во Париз.