Top Sport

По долга болест почина сопругата на Вини Џонс

Тања Џонс, сопругата на актерот и поранешен фудбалер Вини Џонс почина во Лос Анџелес по шестгодишна борба со ракот, објави портпаролот на семејството. Таа имаше 53 години.

Вини Џонс бил покрај својата сопруга кога таа починала во Лос Анџелес во саботата наутро, заедно со нивните ќерки и други членови на семејството.

Џонс беше со својата сопруга од 1994 година, а во 2013 година двајцата открија дека се борат со рак на кожата.

Scroll to Top