Минатиот месец започнаа квалификациите за Европското првенство кое во 2024 година ќе се одржи во Германија. Сега се знае во кои земји би можеле да ги ирганизираат наредните две ЕП, во 2028 и 2032 година.
Велика Британија и Ирска (заеднички) и Турција доставија понуди за ЕП во 2028 година. Доколку Велика Британија и Ирска ја добијат организацијата, тоа би било трето ЕП што се игра во Англија во последните 32 години. Тие беа домаќини во 1996 година, а на последното ЕП се одиграа голем број натпревари во Англија. Од друга страна, Турција никогаш не била домаќин на големо натпреварување.
Турците се пријавиле и за домаќинството во 2032 година. Заедно со нив се пријави и Италија, актуелниот шампион на Европа, кој го организираше Светското првенство во 1990 година, последниот голем турнир на нејзино тло.
По поднесувањето на кандидатурите, следува процес на разгледување и гласање, а УЕФА во септември ќе објави каде ќе се играат шампионатите во 2028 и 2023 година.