Асамоа Гијан стана вториот репрезентативец на Гана кој доби катастрофална скулптура дома, неколку дена откако Мајкл Есиен беше направен „бесмртен“ со интересна скулптура во Кумаси.
Статуата на Есиен, нормално предизвика многу интерес на Интернет, но истиот артист очигледно го овековечил и Гијан, најдобриот стрелец во историјата на репрезентацијата на Гана.
Како што и статуата на Есиен беше поставена на паркинг, ова „недело“ според информациите е во близината на локален затвор од отворен тип.