Top Sport

По Европа, и Јужна Америка одбива Мундијал на секои две години

Откако УЕФА јасно се спротистави на идејата за оддржување на Светското фудбалско првенство секои две години, сега и јужноамериканската фудбалска конфедерација ЦОНМЕБОЛ јавно се произнесе против предлогот на Џани Инфантино и Арсен Венгер.

Според ЦОНМЕБОЛ, со Мундијал на секои две години ќе се „изопачи“ најважното фудбалско натпреварување на планетата и ќе се намали квалитетот и вредноста на уникатното натпреварување. Тие потврдија дека во минатото го поддржувале проектот, но по „советувањето“ со националните федерации одлучиле дека е неизводливо.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');