Top Sport

По европскиот трофеј, Мојс останува на чело на Вест хем

Дејвид Мојс ќе остане менаџер на Вест хем јунајтед, тврдат британските медиуми, откако 60-годишниот Шкотланѓанец бил на разговори со ко-сопственикот на клубот, Дејвид Саливен.

Мојс има уште една година од договорот со „чеканите“, на кои им го донесе првиот трофј од 1980 година со победата во Конференциската лига Европа над Фиорентина.

Трофејот доаѓа по тешката сезона за Вест хем и Мојс, кој трипати беше блиску до отказ поради лошата форма во Премиерлигата, а според „Дејли мејл“, тој сметал дека е време да се врати во Шкотска за да биде поблиску до неговото семејство. Меѓутоа управата на клубот смета дека Мојс е вистинскиот човек за работата во 2023/24 бидејќи очекуваат да го загубат апитенот на клубот, Деклан Рајс.

Scroll to Top