Top Sport

Работнички го задржа Кире Маркоски до крајот на 2024 година

Македонскиот фудбалски прволигаш Работнички успеа да ја продолжи соработката со крилниот напаѓач Кире Маркоски. Тој потпиша нов договор со „романтичарите“ и се обврза на верност до крајот на 2024 година.

Маркоски на почетокот на 2023 година се врати во Работнички, каде играше и во периодот од 2012 до 2018 година. Во Македонија, настапуваше и за Вардар, Шкендија, Шкупи и за Академија Пандев, а градеше и интернационална кариера во АЕЛ Лимасол (Кипар), Спартак Трнава (Словачка).

Кире Маркоски беше дел од „златната генерација“ млади фудбалери која со Македонија учествуваше на Европското првенство за фудбалери до 21 година, а има и пет настапи за сениорскиот национален тим.

Scroll to Top