Top Sport

По глупоста на Шкринијар, Емполи првпат во историјата го победи Интер на „Меаца“!

Интер пропушти шанса да се врати на второто место на табелата во Серија А за да се доближи на лидерите Наполи, откако во понеделничкиот меч од 19. коло во Серија А доживеа домашен пораз од 0:1 од Емполи, кои првпат во Серија А ги победуваат „нераѕурите“ на нивен терен.

Клучниот момент на мечот се случи во 40. минута, кога Милан Шкринијар го доби својот втор жолт картон, оставајќи го тимот на Симоне Инзаги со играч помалку. И покрај ова, Интер имаше повеќе од играта, пред во 66. минута, Томазо Балданци само што влезе во игра да постигне прекрасен гол од далечина (со мала помош на лошата реакција на Андре Онана на голот).

Интер останува трет со 37 поени, еден поен зад Милан, и дури 13 зад Наполи. Емполи, пак, се искачува пред Јувентус на деветтото место на табелата со 25 поени и без пораз во последните пет меча.


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top