Италијанската полиција денеска по грешка го приведе фудбалерот на Милан Тиемуе Бакајоко, објави новинарот на „Спорт Италија“, Танкреди Палмери.
Како што може да се види на видеото што го сподели Палмери на социјалните мрежи, полицијата го пресретнала автомобилот во кој се наоѓал францускиот фудбалер.
Еден од полицајците го претресувал Бакајоко од глава до пети, а неговите колеги на нишан држеле лицето кое останало во автомобилот.
Фудбалерот на Челзи, кој ќе помине уште една година на позајмица во Милан, не пружал отпор, постапил по наредбите на полицијата.
Италијанските власти брзо сфатиле дека направиле голема грешка и Французинот бил ослободен.
Бакајоко кариерата ја започна во Рен, а играше и за Монако, Челзи, Милан и Наполи.
Shocking footage of Milan’s Bakayoko in Milan’s downtown held at gunpoint by police cause taken for someone else.
Check when one of cop goes telling to the colleague searching him that it’s not the suspect but a Milan player, and the cop saying “WHO?!?”
pic.twitter.com/B0PTYiXnc5— Tancredi Palmeri (@tancredipalmeri) July 18, 2022