Локалните власти наредија затворање на трибина (јужната) на стадионот „Алианц ривиера“ во Ница и тоа 4 натпревари поради инцидентот на викенд пресметката на мечот од Лига 1, Ница – Марсеј.
Мечот е прекина во вториот дел поради тоа што дел од навивачите влегоа на теренот. Целата мешаница започна откако гостинскиот фудбалер Димитри Паје беше погоден со шише во грбот, по што тој возврати.
Следуваше судир на теренот, а обезбедувањето не успеа да ја смири ситуацијата, по што фудбалерите се повлекоа во соблекувалните.
По подолг период, домашните играчи се вратија на тревникот, но гостите од Марсеј одбиваа да излезат од соблекувалната.
Француската Лига 1 покрена постапка против двата тима и најави сослушување кое е планирано за утре.
Во меѓувреме информациите се дека е уапсен 28-годишен фан на Ница