Top Sport

По Инсиње, нов капитен на Наполи ќе биде Калиду Кулибали

Бидејќи Лоренцо Инсиње и Дрис Мертенс заминуваат, Наполи ќе го промовираат сенегалскиот дефанзивец Калиду Кулибали во нов капитен, и ќе му понудат нов договор.

Инсиње веќе потпиша со МЛС клубот, Торонто ФЦ и ќе замине од клубот на 30 јуни, а најверојатно ќе му се приклучи и најдобриот стрелец во историјата на клубот, Дрис Мертенс, откако италијанските медиуми тврдат дека нема да ја искористат клаузулата во неговиот договор.

Според „Кориере дело спорт“, Наполи ќе му понудат нов договор на миленикот на навивачите Кулибали и ќе го направат лидер на тимот.  Тој има договор со клубот до јули 2023 и иако беше на пазарот на играчи подолго време, Наполи бараа 100 милиони евра и тој остана на „Диего Армандо Марадона“.

30-годишниот Кулибали пристигна во Неапол од Генк во 2014 за 7.75 милиони евра.

Scroll to Top