Top Sport

Салах со гол и асистенција ги однесе Египет во полуфинале

Египет се пласираше во полуфиналето на Африканскиот куп на нации, откако Мохамед Салах имаше еден гол и една асистенција за тешка 2:1 победа по продолженијата над Мароко, за во борбата за финале да се судрат со домаќинот Камерун.

Софијан Буфал ги донесе Мароканците до рано водство уште во 7. минута откако беше досуден пенал, но Салах ги врати „фараоните“ во игра во 53. минута од мечот, кога по една хаотична ситуација пред противничкиот гол, ја смести топката во голот. До крајот на мечот следуваше груба игра, повеќе турканици меѓу фудбалерите на двете репрезентации, но немаше голови.

Во продолжението, во 100. минута, ѕвездата на Ливерпул му асистираше на Трезеге за клучниот гол.

Покрај мега-пресметката помеѓу Египет и Камерун, во второто полуфинале ќе се сретнат Буркина Фасо и подобриот од вечерашниот дуел меѓу фаворитот Сенегал и Екваторска Гвинеја.

Scroll to Top