Top Sport

Ферстапен: Фацата на Окон ме натера да го турнам

Макс Ферстапен не е подготвен да се извини за туркањето на Естебан Окон по контроверзниот финиш на Бразилското ГП, велејќи дека реакцијата на Французинот по инциденто го натерала на физички конфликт.

Возачот на Форс Индија, Окон се обидуваше да го помине Ферстапен во финишот на трката откако заостануваше еден круг за него, и се удри во него, по што двата болиди се извртеа и Ферстапен ја загуби победата, завршувајќи на второто место.

Холанѓанецот го побара Окон во боксот и снимките покажуваа како го турка, по што иако беше казнет од ФИА, одби да се извини.

„Секогаш е лесно да се зборува откако ќе завршат работите. Сакав да го погледнам и да побарам објаснување, зошто тоа е случи. Но, тој веднаш ми кажа: ’бев побрз од тебе’ и тоа со таква насмевка на лицето… Се обидов да бидам позитивен, но второто место не беше исправно. И потоа го гледаш таму со тоа лице и не се извинува и бара ти да се извиниш. Окон мене не ми е конкурент во Ф1, и затоа се фокусирам на вистинските ривали“, изјави Ферстапен за холандската ТВ.

Санкции за Ферстапен поради нападот врз Окон (Видео)

Scroll to Top